Британецот Николас Морли уште еднаш ќе седне на обвинителна клупа во Основниот суд во Струга откако Апелацискиот суд во Битола раправајќи по жалбата на неговите адвокати го врати предмететот на повторно разгледување во првостепениот суд.
Апелацискиот суд констатирал дека во текот на судењето со точност не е утврдена брзината со која Морли го управувал возилото Порше-„Карера“ кое се судри со возилото „Голф“ на сопружниците Чепуњоски од Струга кои настрадаа во сообраѓајката што се случи на 2 мај минатата година на магистралниот пат Струга – Ќафасан.
случајот Морли се враќа во струшкиот суд
Во текот на постапката Основниот суд во Струга ги прифати наодите од вештачењето кое утврдило дека Николас Морли како учесник во меѓународната трка Гамбол 3000 на магистралниот пат Струга-Ќафасан го управувал своето возило порше со брзина од 161,6км/ч, 101км/ч повеќе од дозволеното со што ја предизвикал несреќата.
Кривичниот Совет при Основниот суд во Струга, со кој претседаваше судијата Аце Петрески, го прогласи за виновен Николас Морли за предизвикување на тешката сообраќајна несреќа во која настрада брачниот пар Чепуњоски од Струга и му изрече условна казна затвор во времетраење од 2 години. На жалба на неговите адвокати случајот повторно ќе биде отворен.
ohridnews