Арбитражната комисија во Ракометната федерација на Македонија ќе решава за случајот „Стефан Дрогришки“ меѓу екипите на Металург и Пелистер.


Ракометарот има важечки договор со битолските „зелено бели“ до 2017 година, а Металург објави дека тој е нивни член пред одредено време.

Пелистер кој ќе ги започне подготовките за новата сезона најави дека ќе го суспендира ракометарот ако не се појави на прозвиката.

– Можам да ви потврдам дека разговарав со Стефан и дека му дадов до знаење дека Пелистер е најдобра опција за него. Тој беше упорен дека сака да игра за друга екипа и нам не ни преостанува ништо друго туку да го суспендираме ако попладнево не се појави на првиот тренинг на Пелистер. Мора да се почитуваат потпишаните договори ии ние како клуб мора да се држиме до тие принципи. Потенцирам дека ние како клуб направиме максимум што е во наша моќ да го убедиме Дрогришки дека Пелистер е најдобар клуб за неговиот развој“, рече за Gol, новиот тренер на Пелистер, Касим Каменица.

Меѓу новите ракометари кои ќе се појават на првата прозивка во Пелистер ќе бидат Кирил Колев и Иван Тасески кои минатата сезона ги бранеа боите на Охрид.

OhridNews