Ерик Клоутер од Калифорнија организирал распродажба во својот двор за да се ослободи од непотребните работи во неговиот дом. Но, се случила една невообичаена ситуација. Еден среќник купил кутија за само 10 долари, без да знае дека во кутијата има дијамантски прстен вреден 23 илјади долари.
Организаторот на распродажбата, Ерик, се разбира дека не знаел дека венчалниот прстен на неговата жена се наоѓа во таа кутија. Прстенот бил ставен во кутијата од страна на неговата сопруга која се обидела да го сокрие од нивните двегодишни близнаци.
„Многу сум вознемирена. Се обидувам да останам смирена, но веќе не сум сигурна. Постои мала шанса купецот на кутијата да не знае што се наоѓа во кутијата. Да го пронајдев јас, никогаш не би го задржала тој прстен, бидејќи ако си чесен си чесен и најверојатно ќе ти биде јасно дека тој прстен не се нашол таму така случајно“изјавила Рејчел Клаутер од Калифорнија. Таа исто така додала дека нејзиониот сопруг се чувствува ужасно.
Младиот пар исто така понудиле и парична награда за оној кој ќе го врати прстенот, но досега никој не се пријавил.