Непознати верски лица вчера се прошетаа низ комплексот Плаошник и случајно   се сретнаа со премиерот Никола Груевски. Поздравувајќи го намесникот на Свети Климентовата црква отец Диме Георгиески тој се ракуваше и со двајцата непознати свештеници.


Отец Георгиески се обиде да дознае кој се непознатите свештеници, но не доби конкретен одговор освен тоа дека едниот од нив бил од Прилеп, а другиот од Русија. Тој рече дека не сакал да настојува повеќе за да не биде направена евентуално некаква сцена за време на посетата на премиерот на Плаошник. Отец Диме рече дека не ги познава свештениците кои нему му наликувале на монаси.



Ова не е прв пат непознати верски лица да ги посетуваат охридските цркви, а често пати тоа го прават и следбениците на расколникот Јован.

ohridnews