Ерик Смит (73) од Сток (Британија) потрошил 6 месеци на сложување на најголемата сложувалка на светот. Пресметал дека сложувалката од 24.000 делови ја сложил за 537 часа. За да може да ја доврши сложувалката морал од дневната соба да го изнесе целиот намештај. Направил и посебна маса, на која ја ставил сликата со големина 3,72 х 1,86 метри. Ерик сложувалките ги сложува веќе 30 години, а во тој период изгубил само еден дел.


„Ова ми е најомилената сложувалка. Одушевен сум дека толку брзо ја завршив. Уживав додека ја сложував по 2 до 3 часа на вечер. Вероватно сум талентиран за сложување“ – раскажува пензионираниот трговец.

Сем талентот, Ерик е и многу упорен. Признал дека не може да се откаже од сложувалка ако сите делови не се на свое место. Сопругата Марион (76) не ја дели со него таа страст, но нема ништо против.

„Јас попрво би решавала крстозбор отколку да сложувам „puzzle“. Но ако него тоа го опушта, нека ужива“ – вели Марион.