Македонија треба да вложи многу во човечките ресурси и зајакнување на административните капацитети за да ги исполни европските критериуми во земјоделството. Ова беше истакнато на  интерактивната работилница за евроинтеграциските процеси во земјоделството што денеска започна во Охрид.


На работилницата учествуваат директори и раководители  на управи кои се поврзани со процесот на акредитација со ЕУ, од Македонија, и нивни колеги од Словенија.

Тие ќе ги пренесат искуствата на Словенија во процесот на акредитирање на тамошното министерство за земјоделство во ЕУ. Целта е да се зајакнат капацитетите на македонското министерство за земјоделство што беше една од основните забелешки на ЕУ, истакна министерот за земјоделство, Ацо Спасеноски.

Според него, Министертвото за земјоделствио е едно од ретките кое ги почна и заврши одредени поглавја од преговорите со ЕУ. Во делот на ИПАР планот ја добивме акредитацијата во делот на Платежната акредитација сме во предакредитационен период, формиран е секторот за развој на човечки ресурси и со новите 150 вработувања во ресорното министерство ќе може да ги задоволуваме сите барања на ЕУ за акредитации во земјоделството, истакна Спасеноски.

Земјоделството претствува преку 40% од европската економија и земјите апиранти за членство во Унијата треба да применат регулативи кои се напишани на 40.000 страници, истакна Исток Јарц-член на словенечката група за преговори. Одговарајќи на новинарско прашање за доцнењето на акредитацијата на Платежната агенција, Јарц рече дека секогаш постои опасност поради доцнење да се загубат одрдени средства од европскиот буџет. Каква е состојбата точно во Македонија не можам конкретно да кажам, но секако постои опасност да се изгубат дел од парите бидејќи контролата на ЕУ е мошне ригорозна и секогаш има финснсиски корекции, рече Јарц.

Ohridnews