Како што изјави на денешната прес конференција директорот на МЈП Проаква, Бранислав Трпчески, словенечкиот конзорциум имал најдобра понуда на меѓународниот тендер на кој беа пријавени 10 компании, од кои пет биле од странство.
Словенците за сума од 4 милиони евра го добија правото на изградба на две хидроцентрали на Горно Беличките извори во струшко, односно четири на Летничките извори во Охрид.
Концесијата за користење на хидропотенцијалот на Горно Беличките извори кои имаат производствен капацитет од 1,5 мегават часови енергија е во времетраење од 25 години, додека за Летничките извори кои имаат капацитет од 0,7 мегават часови, е во период од 30 години.
Трпчески информираше дека 20% од профитот од производството на електрична енергија на годишно ниво ќе и припадне на Проаква која ќе ги наследи хидроцентралите по истекот на договорот за концесионирање.