Понудите од меѓународниот тендер за изградба на пет мали хидроцентрали во Охрид и Струга ќе бидат отворени денеска во седиштето на МЈП Проаква во Струга.
Според првичните информации од десетте заинтересирани фирми кои се пријавиле на тендерот само три ги задовоилиле потребните критериуми.
Две словенечки и една бугарска фирма се заинтересирани да ги градат петте мали хидроцентрали на Горнобеличките извори кај Струга и Летничките извори во близина на Охрид. Која каде ќе гради ќе се знае по отворањето на понудите.
Мики Трајковски