Во однос на просечната плата во јануари 2024 година, Словенија е лидер меѓу земјите од поранешна Југославија со 1.477,34 евра, додека Северна Македонија е на дното со просечна нето плата од 643 евра. На второ место е Хрватска (1.239 евра), на трето е Црна Гора со 819 евра, а со две евра помалку е Србија која е на четврто место со просечна нето плата од 817,7 евра. Просечната плата во Босна и Херцеговина е 679 евра.
Просечната плата (бруто) пресметана за јануари 2024 година во Србија е 132.372 динари, додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) е 95.836 динари (817,7 евра според просечниот девизен курс на НБС на 25 март 2024 година), соопшти Републиканскиот статистички институт.
Во однос на јануари 2023 година, просечната нето-плата пресметана за јануари 2024 година е номинално повисока за 15,8 отсто, а реално е повисока за 8,8 отсто.
Просечната бруто плата во Словенија за јануари 2024 година изнесува 2.317,82 евра. Пониска е од платата за претходниот месец – номинално за 1,3 отсто, а реалната за 0,7 отсто. Просечната нето плата е 1.477,34 евра и номинално е пониска од платата за декември 2023 година за 3,4 отсто, а реално за 2,8 отсто.
Просечната месечна нето-плата исплатена на вработен во Хрватска за јануари 2024 година изнесува 1.239 евра, номинално зголемување за четири отсто и реално за 4,4 отсто од декември 2023 година.
Просечната плата (бруто) во јануари 2024 година во Црна Гора е 1.024 евра, додека просечната плата без даноци и придонеси (нето) е 819 евра.
Просечната месечна нето плата исплатена на вработен во Босна и Херцеговина во јануари изнесува 1.328 конвертибилни марки (679 евра) и е номинално повисока за 2,4 отсто, а реална за 2,2 отсто во однос на претходниот месец. Просечната месечна бруто-плата на вработен во Босна и Херцеговина за јануари изнесува 2.052 конвертибилни марки, што покажува номинален раст од 2,4 отсто, а реално просечната плата е за 2,2 отсто повисока од декември минатата година.
Просечната месечна нето-плата исплатена на вработен во Република Северна Македонија во јануари 2024 година изнесува 39.542 денари (643 евра), што е за 16,5 отсто повеќе отколку во јануари 2023 година, се вели во соопштението на Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија Македонија. Зголемувањето е последица на зголемувањето на просечната месечна нето плата на вработените во секторите: Јавна администрација, одбрана, задолжително социјално осигурување – 27,8 отсто, водовод, канализација, управување со отпад и санација – 19,2 отсто и Земјоделство, шумарство и рибарско стопанство – 19,1 отсто.
OhridNews