Словенечкиот парламент во вторник вечер со убедливо мнозинство го промени Законот за државни празници, со што повторно се враќаат двата неработни дена за Нова година, што беше укинато пред четири години, како една од мерките на штедење, пренесува „Макфакс“.

 

За законската измена гласале 61 пратеник, додека 10 биле против.

Некои претставници на опозицијата сметаат дека владата, која според најновите анкети ужива мала поддршка, со овој „популистички“ потег всушност ја „купува“ наклонетоста на гласачите, што владејачката партија го негира.

Претседателот на парламентот Милан Брглез рече дека укинувањето на вториот неработен ден во новогодишните празници пред четири години и не било толку неопходно и не дало никакви економски ефекти.

OhridNews