Селекцијата на Словенија е противник на Женската ракометна репрезентација во баражот за пласман на Мундијалот во Јапонија следната година.

Првата средба од баражот ќе се одигра во Македонија од 31 мај до 2 јуни, додека во реваншот кој на програмата ќе биде од 4 до 6 јуни домаќин ќе биде Словенија.

Избраничките на Симе Симовски пласман во баражот обезбедија, откако триумфираа на турнирот во Скопје. „Црвено црните“ подобри беа од Турција, Исланд и Азербејџан.

OhridNews