Македонската фудбалска репрезентација на домашен терен во Скопје, против селекцијата на Словенија ќе ја одигра последната тест средба, пред почетокот на Европското првенство.
„Црвено жолтите“ генералката ќе ја одиграат на 29 мај, а според сите очекувања до тогаш ќе треба да биде дозволен ограничен број на публика на стадионите за испраќање како што и доликува на репрезентацијата на ЕП.
Македонија во Романија ќе се пресели на 8 јуни, а пет дена подоцна ќе го одигра дебитанскиот натпревар на континенталните собири. Прв ривал на Македонија е селекцијата на Австрија. Покрај австриската селекција противници на Македонија во групата и се репрезентациите на Украина и Холандија.
OhridNews