Директорката на „Охридско лето“, Наташа Поповиќ и претседателката на Управниот одбор на фестивалот Нина Момировска, вчера во Љубљана, Словенија, на покана од директорот на Љубљански фестивал Дарко Брлек, остварија работна средба, на која бил договорен неговиот ангажман за 59то издание на фестивалот, информираат од националната установа.
Големиот вљубеник во класичната музика кој 27 години раководи со Љубљански фестивал, на вчерашната средба го најави неговото присуство на 59-тото издание на „Охридско лето“, се вели во информацијата од фестивалската дирекција.
На средбата биле разменети искуства околу идни планови и проекти на двата фестивали. Директорите Поповиќ и Брлек договориле соработка околу преговори со големи имиња од светот на класичната музика.
OhridNews