Честа да го отвори драмскиот дел на фестивалот „Охридско лето“ ја има словенечкиот народен театар – Драма од Љубљана. На сцената на „Долни сарај“ словенците ќе ја изведат претставата на Молиер „Тартиф“ во режија на Душан Јовановиќ.
Претставата започнува во 21 ч. а билети за истата можат да се купат на продажните места на фестивалот по цена од 200 денари.