По повод одбележувањето на 20-годишнината од членството на Република Словенија во Европската Унија и во духот на „Зелена Словенија“ – Slovenia Green, Друштвото на словенечки и македонски стопанственици, СИЗ Скопје, во соработка со Амбасадата на Република Словенија во Република Северна Македонија, денес организираа еколошка акција за расчистување на локални депонии во околината на Охрид, поточно во Националниот парк Галичица (Велестово).

Во оваа акција зедоа учество неколку словенечки компании кои делуваат во Охрид, меѓу кои и ЛТХ Леарница.

Целта беше да ја подигнеме свеста за важноста на зачувување на природата и заеднички да се погрижиме и да дадеме придонес во создавање на почиста и поздрава средина за живеење без отпад, следејќи го примерот на Република Словенија. Со заеднички напори, можеме да направиме значителна разлика и да создадеме почисто и поздраво животно опкружување за сите нас, велат од ЛТХ Леарница.

За сите волонтери беа обезбедени потребни материјали како заштитни ракавици, кеси за одложување на отпад и соодветен алат за реализација на акцијата, како и освежување после успешно завршената работа.

Имаме преубави предели во градот, да ги зачуваме и одржуваме чисти!, порачуваат од ЛТХ Леарница.

OhridNews