Словенечката Влада денеска одлучи да го прогласи 14 август за Ден на солидарноста, кога граѓаните ќе добијат слободен ден за да помогнат на погодените од поплавите. Објавувајќи ја одлуката, премиерот Роберт Голоб рече дека земјата сака да го заврши тешкиот период во духот на солидарноста, јави СТА.

Тој додаде дека луѓето ќе добијат слободен ден „за да им помогнат на познаник, сосед, пријател и на сите што беа погодени од големите поплави“.

Голоб во видео-обраќање објавено на својот Инстаграм профил изјави дека во последните денови има многу иницијативи и предлози од граѓаните во врска со катастрофалните поплави, а еден од нив е да се прогласи 14 август за слободен ден за сите да им покажат настраданите од катастрофата дека не се сами.

Владата одлучи 14 август да биде ден на солидарност, ден кога цела Словенија ќе ги здружи силите и секој од нас ќе даде се од себе, рече Голоб и нагласи дека е убеден дека Словенија може да го направи тоа.

Во меѓувреме, Трговската и индустриската комора (ЦЗС) изрази критики, велејќи дека денот на солидарноста ќе создаде дополнителни трошоци за компаниите во другите делови на земјата.

OhridNews