Приближно 1400 тони словачки монети не се вратени на Словачката народна банка за време на петгодишниот период кога граѓаните можеле да ја променат старата словачка валута во евро. Иако централната банка од воведувањето на еврото, 1 јануари 2009 година, заменила 238,4 милиони парчиња монети во вредност од 755 милиони круни, после 2 јануари, кога замената е завршена, кај граѓаните останале уште 390,5 милиони парчиња. Вредноста на незаменетите словачки монети, според Народната банка на Словачка, изнесува 716,5 милиони круни.
Во декември 2013 и на 2 јануари оваа година филијалите на централната банка промениле количина еднаква на половина од моментите донесени во текот на целата измината година. За време на послдниот месец минатата година луѓето на замена однеле 907 илјади парчиња стари монети, тешки 3,7 тона, додека за цела 2013 година донесени биле 1,8 милиони монети. Луѓето најмногу задржале монети од 50 халири (половина круна), 123 милиони парчиња. Најголема вредност имаат непроменетите минети од десет круни, повеќе од 249 милиони. Курсот за конверзија на словачката круна во евро, после воведувањето на еврото, бил утврден на 30,126 круни за едно евро.