Целта на посетата на делегацијата на Република Словачка е продлабочување на правосудната соработка помеѓу двете држави и размена на искуства во областа на организираниот криминал и корупцијата од аспект на доследно спроведување на новите законски решенија за кривичната постапка .
Петрикова вчера во Скопје се сретна со нејзиниот македонски колега Михајло Маневски, при што ја изрази силната поддршка на Словачка за Македонија на патот кон Европската унија и НАТО.
– Но сите сме свесни дека за тоа треба да биде решен проблемот со името со Грција, изјави Петрикова по средбата со македонскиот министер за правда Михајло Маневски.