Новото истражување во кое се споредуваат животните векови на слоновите во заробеништво и во дивина покажало дека заробеништвото значително може да го скрати животниот век на овие животни.

Научниците објавиле дека дебелината на заробените слонови во зоолошките паркови е една од главните причини за нивната предвремена смрт.


Исто така, како еден од поважните причини за раната смрт е и стресот кој го преживуваат за време на селењето од една зоолошка градина во друга.

Научниците сметаат дека зоолошките градини не би смееле да ги земаат слоновите во заробеништво доколку не се во можност да им обезбедат соодветно живеалиште.