Откако со сурлите ќе го испрскаат автомобилот, слоновите Тики, Алис и големиот Џорџ со крпа ја бришат површината. Возачите можат одблизу да ги погледнат слоновите во автопералната за само десет евра. Директорот на американскиот сафари парк во Орегон вели дека слоновите станале многу популарни.
Некои луѓе дури и правеле круг и повторно ги носеле автомобилите на миење. Исто така уживаат и слоновите кои обожаваат да си играат со вода. До оваа идеја дошол еден од чуварите кој забележал колку слоновите уживаат кога се покрај вода. Паркот не гарантира дека автомобилите ќе бидат навистина добро измиени, но гарантира дека забавата со слоновите ќе биде незаборавна.