Истражување покажало дека слоновите се поуспешни во математиката од луѓето. Научниците развиле тест кој вклучувал фрлање јаболка во две канти пред очите на слоновите.


Забележано е дека животните во поголемиот број на случаи ја избирале кантата со поголем број овошје. Во поединечни канти фрлале дури и по повеќе јаболка одеднаш, што ги присилило слоновите да бидат исклучиво концентрирани и збирот на фрлените јаболка да биде секогаш во нивната меморија. Слоновите ја избирале пополната канта во 74% од случаите, а луѓето во 67%. Азијскиот слон Ајша во 87% од случаите ја избрала вистинската канта.