Тајландските дресери ги учат слоновите да играат кошарка за да го подобрат нивното здравје и виталност. Работниците во островскиот сафари центар на Кох Самуи го научиле шестгодишниот Мали и деветгодишниот Токтака да ја уфрлаат топката во кошот со помош на нивните сурли. Слоновите пред да ги научат правилата на играта биле подложени на ригорозен тренинг.
За да ги научат основните правила им биле потребни три месеци. Дресерите објаснуваат дека слоновите најпрво научиле да ја држат топката со сурлата, потоа да држат рамнотежа на задните две нозе и на крај да го гаѓаат кошот.