Сопствениците на една зоолошка градина во Тајланд одлучиле по секоја цена да им го свртат вниманието на посетителите кон слоновите. Тие дошле на идеја потполно заборавените слонови, кои биле запоставени откако се родило ново бебе панда, да ги маскираат токму во панди.


Слоновите, кои претставуваат симбол на Тајланд, паднале во втор план за сметка на пандите. Неколку слонови биле маскирани во панди, користејќи црна и бела боја. Потоа ги прошетале по градските улици, задржувајќи се најмногу пред училиштата.