Високите температури не ги заобиколиле ниту животните, па едно мало слонче одлучило да се освежи. Имено, вработените во зоолошката градина му донеле мало базенче, на кое слончето премногу се израдувало.
Тоа си играло и скокало во и околу базенот, додека неговата огромна мајка будно го следела секој негов чекор.