Еден женски слон кој се искрал од еден циркус прошетал низ предградието на Рим, предизвикувајќи паника, но и огромна љубопитност меѓу жителите на градот.
Слоницата Миа цели два часа слободно се забавуала низ улиците на Вечниот Град, и речиси стигнала до автопатот кога била опколена од полицијата. Како што јавуват агенциите, сопственикот на циркусот успеал да ја фати кога запрела на крстосница, во моментот кога се двоумела по кој пат да продолжи со својата авантура.