Гладниот слон во Хамбуршката зоолошка градина балансирал на ѕидчето широко само десет сантиметри за да земе зеленчук од едно дете. Животното тешко неколку тона се поткренало на прсти, ја подигнало задната нога за да држи рамнотежа и со сурлата ја зело храната. Тобијаш Хасе од Хамбург го фотографирал слонот и рекол дека тој бил еден од неговите најактивни денови.


По малку се нишал на ѕидчето, трудејќи се дане падне. Останал во таа положба уште некое време, надевајќи се дека ќе добие уште храна, а дури и климнал со главата во знак на благодарност. Хамбуршката зоолошка градина е позната по тоа што чува безопасни животни на отворено, а гостите можат да ги хранат.