Управата на еден хотел во Јужна Африка, која се прашувала како базенот во хотелскиот двор се празни, иако немало никаква дупка, се изненадила кога открила дека зад таа мистерија стои еден слон, кој редовно пиел вода од базенот. Животното било фатено на дело со сурлата во базенот.


Тоа било вистинско олеснување, бидејќи долго време не можеле да откријат како базенот толку брзо се празнел, изјавила директорката на хотелот. Еден слон може да испие до 200 литри вода на ден, што значи базенот не е голем проблем за слонот.