Слоновите важат за животни кои не умеат да се качуваат на дрва. Меѓутоа, еден од нив бил толку многу гладен што се обидел да го стори и невозможното, и за чудо успеал.
Во потрага по храна, мажјак од националниот парк Саут Луангва во Замбија се качил на врвот на едно дрво како би дошол до овошјето. Големиот африкански слон направил неколку несигурни чекори по гранката, која за среќа не се скршила.