На осмоодделенците им остана време до август да размислат каде ќе го продолжат средното образование, зашто и по завршувањето на второто пријавување од првиот уписен рок, слободни места има во сите средношколцки центри во општинава.

Најслаб интерес во првиот уписен рок има за новата дрвопреработувачка струка во ЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ каде што не се пријавил ниту еден кандидат, а се бараат 34 ученици. Слаб е интересот и за здравсвената струка во општинското средно училиште „Свети Климент Охридски“, како и за струката келнери каде што се пријавиле само 22 кандидати.

Во ЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ останаа 133 слободни места за електротехничката, 136 за машинската, 37 за сообраќајната и 34 за дрвопреработувачката струка.

Во Средното угостителско-туристичко училиште можат да се запишат уште 25 идни готвачи, 42 келнери и 6 хотелско-туристички техничари.

Слободни места останаа и во средното училиште „Свети Климент Охридски“.

Инаку, по августовскиот уписен рок, работа ќе имаат и просветните работници, кои ќе мора да извршат контроли дали се спроведува законската регулатива.Од годинава, средното образование е задолжително. За родителите кои што нема да ги запишат децата во средно училиште ќе следи парична казна.

Ohridnews