Ракометниот клуб Струга заостана пет бодови од четвртопласираната екипа на табелата во Супер лигата, откако во седмата рунда изгуби од Пелистер (27-23) пред своите гледачи, додека охридските ракометари рутински ја одработија задачата во Прилеп победувајќи го истоимениот состав (39-21).
Битолските „зелено бели“ со триумфот во Струга фатија ритам после слабиот старт на сезоната и тренерската промена. Стружани имаа добар старт и три победи, но серијата од четири мечеви без победа ги потисна од водечката четворка. Излез од резултатска криза „црвено белите“ ќе бараат на гостувањето кај тимот на Пролет во Скопје.
Охридскиот ракометен клуб тивко си го остварува својот план за ново учество во плејофот од Супер лигата. Шестиот триумф во низа „гладијаторите“ го извојуваа во Прилеп. Мечот имаше добар епилог за охридските ракометари, но не и за навивачите кои беа остранети од салата. Надвор од салата полицијата употребила сила и повредила неколку охридски навивачи.
Резултати: Прилеп – Охрид 21-39, Борец – Еурофарм Работник 18-41, Струга – Пелистер 23-27, Радовиш – Пролет 31-37, Вардар Јуниор – Бутел Скопје 22-31
Табела: Еурофарм Работник 21, Охрид 18, Бутел Скопје 15, Пелистер 15, Пролет 12, Струга 10, Вардар Јуниор 6, Прилеп 4, Радовиш 3, Борец 0.
Двојки 8.коло: Еурофарм Работник – Охрид, Борец – Вардар Јуниор, Пелистер – Пролет, Бутел Скопје – Радовиш, Пролет – Струга
OhridNews