Под мотото „Слобода за навивачите“,  во Скопје се одржа мирен протестен марш на навивачките групи. Во поворката, од пред хотел „Бристол“ до фонтаната во градски парк, се вмешаа околу 300 навивачи од неколку навивачки групи придружувани од полицијата.


Нивни претставници најавија потпишување на меморандум за меѓусебна соработка на навивачките групи во Македонија. Покрај тоа навивачите отворено се противат на нивната злоупотреба во политички цели. Побараа да бидат консултирани и активно вклучени во постапката при донесувањето на законот за навивачи, да се забрза постапката на трансформација на спортските клубови од здруженија на граѓани во акционерски друштва.

На јавноста и’ порачаа да не ги идентификува со хулигански, криминални и на нив слични групи, изразија подготвеност за чести средби со МВР за да им се предочат нивните права и обврски.

извор : “Утрински “