Аукциската куќа “Chrstie’s” наредниот месец во Лондон ќе понуди на продажба 38 уметнички слики од колекцијата на Елизабет Тејлор. Меѓу нив се наоѓа и Есенскиот пејзаж на Винсент Ван Гог, чија вредност е проценета помеѓу седум и единаесет милони долари, но и многу други познати дела.


На серијата аукции на накит, фустани и спомени од нејзините филмови, минатиот месец во Њу Јорк се собрани 156 милиони долари. Елизабет Тејлор почина во март минатата година на седумдесет и девет години.


Сликите од колекцијата ќе бидат понудени на аукција на седми и осми февруари, а ќе бидат изложени за разгледување од втори до седми февруари. Парите од продажбата ќе одат во Фондот Елизабет Тејлор.