Привршуваат работите на конзерваторскиот тим од НУ завод и Музеј Охрид, околу конзервирањето и припремата за изложување на колекцијата слики од Вангел Наумовски сопственост на Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид.
Конзерваторскиот тим кој работеше две недели на овој проект изврши детална проверка на делата, отстранување на нечистотијата, китирање и поправка на оштетените делови на сликите и ретуширање на оштетените од човечки фактор покрај временски и атмосферски фактор сликарски површини. Во овој доста краток период се привршуваат најважните чекори кон заштита на оваа значајна збирка за престојната изложба „100 години од раѓањето на Ванѓeл Наумовски“, која претставува дел од овогодишната изложбена програма на НУ Завод и Музеј Охрид, потенцираат од Установата.
Посочуваат дека тимот кој работи на оваа активност го сочинуваат Катерина Велкоска, кустос, раководител на проектот „100 Години од раѓањето на Ванѓeл Наумовски“, Сашо Блажески, козерватор за штафелајно сликарство и Никола Патчев, виш конзерватор за ѕидно сликарство.
OhridNews
фото. НУ Завод и Музеј Охрид