Познатиот македонски уметнички фотограф Зоран Велјаноски Летра на страниците на „Сеику Шимбун“ во 7 милионски тираж од 7 Август 2007 е претставен со избор од фотографии кои ја изразуваат милeниумската традиција на градот Охрид со неговите сакрални и еколошки пејзажи.
една од фотографиите на Летра објавени во „Сеику Шимбун“
Како што е познато при престојот на македонската делегација во Токио предводена од Амбасадорот Јордан Плевнеш и Градоначалникот на Охрид Александар Петрески при врачувањето на Светската награда за Хуманизам за 2007 година на познатиот јапонски мислител и пријател на Македонија Даисаку Икеда, фотографиите од Велјаноски влегоа во постојаната колекција на Музејот Макигучи во Токио.
Во очи на отворањето на Светската Конференција за дијалог меѓу културите и религиите што на иницијатива на Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски ќе се одржи во октомври 2007 во Охрид во Музејот „Макигучи“ во Токио ќе биде отворена изложба “Пејзажите на мирот меѓу светските религиозни храмови”.
ohridnews