Охридските љубители на уметноста ќе имаат можност да ја погледнат изложбата на италјаскиот уметник Росарио Меле која ќе биде отворена во четврток на 18-ти јуни 2015 година во Центарот за Култура „Григор Прличев” во Охрид.

На свеченото отворање на изложбата, ќе говори Елена Мишели, претседател на Здружението „Росарио Меле“, а во рамки на изложбата ќе биде промовирана и книгата за Росарио Меле од авторот Паоло Дондоли.

Изложбата ќе биде достапна за разгледување до 20-ти јуни 2015 година.

OhridNews