Британската полиција пронашла фотографии на мобилниот телефон на Реми Паркер, на кои тој се сликал како јаде пари со нож и вилушка. Го уапсиле во акцијата која ја презеле против дилерите на оружје во Манчестер. Наредните три години тој ќе ги помине во затвор за малолетници. Го осудиле за организиран криминал и поседување на оружје.
Тој бил член на една банда која била вмешана во две големи испораки на оружје меѓу подземјата на Лондон, Манчестер и Лидс. Откако го уапсиле во автомобилот му пронашле два пиштоли и куршуми.