Бритаснкиот уметник Бен Вилсон во последниве шест години ги украсува улиците на Лондон со минијатурни дела врз гумите за џвакање биле залепени по тротоарите. До сега насликал повеќе од 8 илјади гуми и секоја од нив ја фотографирал. Зависно од мотивите, за некои потрошил по два часа, додека за некои му требале полни три дена за да ги наслика.


Неговите дела се популарни во Лондон, па од британското друштво на хемичарите добил понуда да ги наслика сите 118 познати хемиски елементи. Поради своите минијатурни дела бил и гостин  во емисија во Јужна Кореја.