Од СВР Охрид информираат за неколку инциденти што се случиле во текот на изминатите денови.
Пред угостителски објект во струшкото село Мислешево, вчера, околу 4 часот, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад од едно лице од селото Калишта врз 19-годишно лице од селото Злести-општина Дебарца. Против него ке биде поднесена соодветна пријава.
На паркинг простор на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, на 14-ти август, нарушен бил јавниот ред и мир со карање, викање, непристојно и дрско однесување помеѓу 36-годишен охриѓанец и 62-годишно лице од Скопје. Против нив, според одредбите на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир ќе биде поднесена соодветна пријава, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „злоупотреба на лични податоци“, СВР Охрид, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 33-годишен скопјанец. Тој, казненото дело го сторил на 09.07.2019 година по претходна расправија со лице од Охрид кога неовластено извршил фотографирање малолетни лица и, ги објавил на социјалната мрежа „Фејсбук“ и постирал недолична содржина.
OhridNews