Во време кога се се’ нарекува уметност, Сача Џафри дошол на идеја да вклопи отисок од стапалото на познатиот фудбалер во својата слика. Дејвид Бекам се одзвал на повикот, седнал на подот, се собул и оставил трага на уметничкото дело.


Без неговото стапало ова дело би било само едно од многуте. Вака е едно од многуте со отисок од стапалото на Бекам. Со самото тоа во нечии очи расте и вредноста на сликата, односно околу половина милион долари. Сликата ја купиле во Доха.  Освен стапалото на сликата има и автограм на Бекам, што исто така ја зголемило вредноста на сликата.