Слика која пред два дена била продадена на аукција во Хонг Конг за 3,7 милиони долари, исчезнала без траг, соопштила полицијата, додека медиумите нагаѓаат дека завршила во ѓубре, каде од невнимание ја фрлиле чистачки. Исчезнувањето на сликата од 2012 „Снежна планина“, на кинескиот уметник Куијо Руџу, го пријавиле официјалните лица од аукциската куќа Поли Окшн вчера попладне, навела полицијата во изјава за медиумите.

Весникот “Ming Pao” пишува дека полицијата ги проверила снимките на безбедносните камери во хотелот Грант Хајат, каде еден ден претходно била одржана лицитацијата, на кои се гледа како чистачките изнесуваат платно. Многумина на основ на тоа заклучиле дека сликата е однесена заедно со ѓубрето на градската депонија.