Уметникот Натали Ајриш од Хјустон своите уметнички дела ги слика иклучиво со своите усни откако на нив ќе нанесе поголемо количество кармин. Досега на тој начин насликала портрети на Мерлин Монро и Џими Хендрикс. Таа за медиумите изјавила дека да слика со усните научила во средно училиште.
Таа раскажала дека во еден момент почнала да експериментира со сликањето. Сфатила дека Мерлин Монро е совршен избор за сликање со бакнежи. Додала дека таквото сликање троши многу енергија и илјадници кармини за само неколку слики. Натали отворија и своја интернет страница каде ги претставува своите слики и останати уметнички дела.