Слика од поранешниот претседател, сегашен премиер, Владимир Путин, е продадена на аукција во Санкт Петерсбург за 37 милиони рубљи односно 860.000 евра.
Делото „Вез“ е едно од 28-те дела од добротворната продажба. Наталија Курникова која ја купила сликата, ја смета „единствена во својата категорија“.
Сликата од Владимир Путин прикажува прозор од селска куќа, украсен со национални украсен вез.
„Владимир Путин ја наслика за 15 минути, сосема сам, без ничија помош“ – рекла сликарката Надежда Анфалова, која ја организирала изложбата.
Приходот од аукцијата е наменет за две детски болници во Санкт Петерсбург и една црква на која и е потребна реставрација.