Кипарските дипломати се налутиле на министерството за внатрешни работи бидејќи без нивно знаење го измениле дизајнот на новите биометриски пасоши кои сега имаат гола слика на божицата Афродита. Дипломатите се плашат дека би можеле да имаат проблем при влегувањето во конзервативните исламски држави.


Од министерството за внатрешни работи уверуваат дека пасошите повеќе не можат да се изменат. Божицата Афродита, според локалните легенди, изронила од морските длабини во близина на Кипар. Сликата на пасошот била направена на темел на статуата на Афродита која се наоѓа во музејот во Никозија.