Рајацена е 18-годишна девојка од Холандија со неверојатен талент за цртање. Таа е самоука и изработува неверојатно реални портрети користејќи само обичен молив. Пред да почне да се бави со цртање, уште како девојче се појавувала на телевизија, а нејзините дела прв ги забележал еден американски издавач.
Веќе на 17 години станала професионалец и сега своите дела ги продава на интернет. На почетокот портретите ги завршувала за само 20 минути, но сега ги работи до најмали детали и потребни и се околу 40 минути.