Слика на рибник која ја направил Винстон Черчил во својот дом на село е продадена на аукција за 1,8 милиони фунти, пренесуваат електронските медиуми. „Езеро со златни рипки во Картвел“ на надминала проценетата цифра од еден милион фунти колку што за друга слика на британскиот воен премиер било платено во 2007 година.
Сликата на Черчил била „ѕвезда“ на аукцијата на Сотби на предмети кои биле во сопственост на неговата ќерка Мери Сомис, која почина во мај. Уште неколку други парчиња отишле за цена повисока од проценетата вклучувајќи ја и чантата на Черчил за документи која е проценета на 7000 футни, а била продадена за 158 илјади фунти, како и потпишана слика на претседателот френклин Рузвелт која отишла за 32 илјади долари, десет пати повеќе од проценетата сума.