Сликата „Ноќен морски пејсаж“, која во 1913 година ја насликал Адолф Хитлер била продадена преку интернет аукција во Словачка за 32 илјади евра. Сликата, чија почетна цена била десет илјади евра, била продадена на анонимен купувач, а на аукција била ставена од семејството на еден словачки уметник кој го запознал Хитлер во Виена. Делото со димензии 60 на 48 сантиметри го прикажувало морето кое сјаело под сјајот на полната месечина.
Сопственикот на аукциската куќа, Јарослав Крајнак рекол дека Хитлер го гледал како уметник, бидејќи во 1913 година кога ја насликал сликата не знаел што ќе се случи во подоцните години од неговиот живот. Минатата година истата аукциска куќа продала друга слика на Адолф Хитлер од истата колекција за нешто повеќе од десет илјади евра. Хитлер бил заинтересиран за уметноста уште од кога бил дете. Како момче тој сликал за да преживее. Подоцна се обидел да се запише на факултетот за уметност во Виена, но не успеал да го положи приемниот испит.