Слетувањето на роверот “Curiosity” на Марс е вест која беше објавувана во многу медиуми. Начинот на кој НАСА успеа да го приземји роверот на црвената планета беше повеќе од неверојатен, но за жал снимките од слетување беа со лош квалитет.

НАСА успеа да ја поправи “грешката” и пред неколку дена ја објави снимката од слетувањето во висока резолуција. Станува збор за слики со одличен квалитет кои се споени во кратко видео.