Некогашниот популарен гитарист на бендот “Guns’n roses”, Слеш, решил да го отстрани вишокот предмети од својата куќа, па ќе организира аукција на која на купувачите, меѓу останатото, ќе им понуди и 14 гитари, како и некои од шеширите кои беа негов заштитен знак на сцената. Освен што на аукцијата ќе се најде една од неговите омилени гитари, “Corvette Stingray”, гитаристот решил да го продаде и комплетот мебел од југоисточна Азија, облеката шиена по мерка за настапите, накитот и многу други предмети.


Својата одлука ја образложил на тој начин што рекол дека во својот живот имал навика да купува работи кои баш и не му биле потребни, а на некој многу би му значеле, па затоа решил да ги продаде. Аукцијата ќе биде организирана на 26 март, а дел од приходите ќе одат во хуманитарни цели.