Шкотскиот овчар Клајд е потполно слеп. Се потпира на својата партнерка Бони која го води секаде. Додека го води до храната или на прошетка одат еден до друг на далечина од само неколку сантиметри. Ако се дезориентира се потпира на неа. Кога се заедно, петгодишниот Клајд изгледа како да не е слеп, но одбива да се движи доколку Бони не е покрај него.
Од центарот за заштита на животните во кој се наоѓаат велат дека мораат да ги вдомат исклучиво заедно. Клајд би бил изгубен без неа. Тој има подолги влакна, а Бони е малку помала од него. Велат дека ова е прв случај куче самоиницијативно да се однесува како куче водич на друго куче.