Владата на Република Македонија донесе одлука за изменување и дополнување на Одлуката за распределба на социјалните станови и условите за нивно користење изградени по Програмата за изградба и одржување на станови сопственост на Република Македонија.

Според измените на одлуката се додава категорија „Слепи лица корисници на социјална или постојана парична помош“ кои во иднина ќе можат да бидат корисници на социјални станови.

Со оваа одлука, покрај постојните категории на граѓани, дополнително корисници на социјални станови, односно учесници во електронската распределба на истите ќе можат да бидат и слепи лица, корисници на социјална или постојана парична помош.

Овие лица треба да ги исполнуваат следниве услови: да се државјани на Република Македонија, лицето, неговиот брачен другар и сите членови на неговото заедничко домаќинство да немаат стан, куќа или куќа за одмор во нивна сопственост и да не се станбено обезбедени од страна на Република Македонија по било која основа.

OhridNews